Кои промени треба да ги воведете во појадокот, за да почнете да слабеете?

49

Правилниот појадок е неопходен за оптимално функционирање на метаболизмот, но многумина прават грешки со првиот оброк што го внесуваат во денот.

Кои промени треба да ги воведете во појадокот, за да почнете да слабеете?

1. Смути наместо житарки

Добриот појадок треба да содржи 13 до 20 грама протеини, 6 грама влакна и 10 до 15 грама добри масти. Житарките, кои се една од најчестите опции за почеток на денот, не само што не обезбедуваат хранливи материи потребни за денот, туку ве оптоваруваат со многу шеќер. Наместо тоа, направете смути од различен зеленчук и овошје, додадете млеко или јогурт, лажица ленено семе или јаткасти плодови.

2. Немојте да појадувате премногу рано

Веројатно сте го чуле советот да не излезете од дома без појадок, но ризикувате да појадувате прерано и ќе мора повторно да јадете до ручекот. Тоа доведува до внесување двојно калории. Најдобро е да почекате некое време за да вашето тело се разбуди и ги добие првите знаци на глад.

3.ДА за богат појадок, НЕ за премногу калории

Многумина од нас имаат обичај да претераат со појадокот, но тој не треба да надмине 400 калории, што е доволно да се обезбеди богат оброк, без претерување и премногу калории.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.