Кои продукти можат да ги исчистат белите дробови кај пушачите?

Пушачите кои немаат намера да се откажат од цигарите, имаат други начини колку толку да ги прочистат белите дробови и да го намалат ризикот од појава на рак.

Пченка

Содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дрбови од карцином бидејќи претставува силен антиоксидант.

Селен

Селенот е силен антиоксидант кој може да се најде во разните видови на риба, како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и житарките.

Лук и крoмид

И лукот и кромидот содржат материи кои имаат антиканцерогено влијание. Лукот помага во спречувањето на многу болести, меѓу кои се и инфекциите и ракот на белите дробови. Интересно е тоа што кај лицата кои веќе имаат карцином спречува понатамошен раст на нови клетки.

Ѓумбир

Силно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Одличен избор, бидејќи чајот од ѓумбир го олеснува дишењето, а парче гумбир можете да изедете со секој оброк.

Портокал

Освен што веќе на сите им е познат како извор на витамини, портокалот исто така превентивно делува против ракот на белите дробови.

Коприва

Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови и во борбата против инфекции.

Чај од борови иглички

Традиционално се користи за испирање на устата и грлото, но може да биде и добар во борбата против ракот на белите дробови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.