Кои особини децата ги наследуваат од татковците!

1. Непредвидливо однесување

Идентификуван е одреден ген кој ја одредува способноста за преземање ризици кај една личност. Експертите тврдат дека ако машкиот родител е авантурист и сака предизвици, и детето го има истиот генетски фактор и ќе ја има истата желба за „живеење на работ“. Ако таткото е човек што презема ризици, големи се шансите дека и детето ќе ја има таа особина.

 2. Пол

Ова е научен факт според кој полот на детето зависи од тоа кој хромозом ќе се пренеси од таткото. Машкиот пар хромозоми е составен од X и Y, додека женскиот пар е составен од два X хромозома. Па, ако од таткото се пренеси хромозомот Х, ќе се роди девојче. Ако се пренеси хромозомот Y ќе се роди машко.

3. Отпечатоци на прсти

Се разбира, отпечатоците на прстите се уникатни кај секој човек. Секој од нас има различен дезен на прстите кој пак е поврзан и со нашите идентитети во базата на податоци. Иако не може да се наследи истиот дезен, постојат некои линии, односно природата на отпечатокот, која се наследува од таткото.

4. Нарушувања на менталното здравје

Направени се бројни истражувања за да се открие причината за менталните болести. Но, менталното здравје сè уште претставува неистражен океан. Сепак, се покажало дека детето има 4 пати поголеми шанси да наследи ментална болест од ДНК-та на таткото отколку на мајката. Нарушувањата како шизофренија или биполарност може да се наследат од ДНК-та на таткото.

5. Дупчиња на образите

Иако дупчињата на образите се еден вид аномалија на кожата, сепак се сметаат за убава карактеристика. Истражувања покажале дека овие дупчиња најверојатно се наследени од таткото.

6. Неплодност

Постојат неколку причини за појава на неплодност кај мажот. Најчеста е неплодноста кај таткото. Кога детето е зачнато со ниска концентрација на сперматозоиди, постојат поголеми шанси детето да страда од неплодност кога ќе порасне. Ако детето е зачнато преку ин витро оплодување поради низок број на сперматозоиди, најверојатно и тоа ќе го има истиот проблем кога ќе биде возрасно.

7. Висина

Секој родител сака нивното дете да биде високо и здраво, а постојат неколку гени кои влијаат на висината. Иако има придонес и од гените на двата родитела кога станува збор за висината, обично ако таткото е висок и детето ќе биде високо. Односно, ако татко е низок, најверојатно и детето ќе биде ниско.

8. Боја на очи

Овде влијаат гените и од мајката и од таткото. Истражувања покажале дека за бојата на очите одговорни се 6 различни генетски фактори од кои најдоминантни се сините и кафеавите.

9. Усни

Формата и изгледот на усните останува непроменета со генерации. Според податоците, доминантните гени кои го одредуваат изгледот на усните најчесто се од страната на таткото.

10. Проблеми со срцето

Постои генетски фактор кој ја зголемува веројатноста за болести на срцето за речиси 50% и доаѓа од ДНК-та на таткото.

11. Проблеми со забите

Покрај очигледните физички карактеристики кои ги наследуваме од родителите, забите и вилицата на детето се одредени од ген кој се наследува од таткото. Тоа значи дека детето ги наследува и проблемите со забите на таткото.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.