Кои намирници предизвикуваат акни?
Млеко
Така е, млекото може да ја влоши состојбата со акните, и не само тоа бидејќи тоа исто така може да предизвика и појава на нови. Студијата на универзитетот „Харвард“ покажа дека постои директна поврзаност меѓу редовното консумирање млеко и појавата на акни. Луѓето што пиеле делумно обезмастено млеко имале најлоши проблеми со акните. Освен тоа, докажано е дека што повеќе се обработува млекото, толку повеќе содржи хормони, кои предизвикуваат појава на акни.
Шеќер
Сите сакаме шеќер и слатки што содржат во големи количини, но тој не нè „сака“ нас. Рафинираниот шеќер предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта, што предизвикува излачување на големо количество инсулин и масти, а сето тоа предизвикува појава на акни. Но не очајувајте, изберете производи со природен шеќер, како органски сушени јаболки или кајсии.
Рафинирани намирници
За ручек јадете пица? Или јадете колач за да го издржите целото попладне на работа? На овој начин ќе си направите проблеми со вашата кожа бидејќи овие намирници ќе предизвикаат нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта.
Чоколадо
Чоколадото ќе ви предизвика проблеми на истиот начин како шеќерот. Затоа задолжително префрлете се на темно чоколадо, кое содржи најмалку 70% какао, бидејќи содржи помалку шеќер, а повеќе антиоксиданси, кои ги намалуваат воспаленијата и акните.