Кои намирници не треба да ги чувате во фрижидер?

247

На овие намирници не им е местото во фрижидер:

1.ЛУТ СОС

Лутиот сос без проблем можете да го чувате надвор од фрижидерот и до три години.

2.КОМПИР

Ако компирот го ставите во фрижидер, тоа ќе влијае негативно на неговиот вкус. Секогаш чувајте го во хартиени ќеси, бидејќи најлонските пропуштаат влага и го забрзуваат неговото расипување. Ако е во хартиена ќеса, компирот може да трае и до три недели.

3.ЛЕБ

Фрижидерот многу бргу го суши лебот. Наместо во фрижидер, лебот чувајте го на собна температура, во најлонско ќесе, и тој ќе трае до четири дена.

4.ЛУК

Лукот најдобро е да се чува во мрежасти вреќички, и кеси кои имаат циркулација на воздух. Но, чувајте го подалеку од компирот, бидејќи емитува влага и гасови кои може да предизвикаат скапување на лукот.

5.КРОМИД

Кромидот може да се чува во остава и до два месеци. Чувајте го така што ќе може воздухот да циркулира околу него.

6.ДОМАТИ

Доматите може да станат меки и лесно да се расипат ако се чуваат во фрижидер, па затоа чувајте ги на полица, но никако во пластично или во најлонско ќесе. Ако сакатe да го забрзате нивното зреење, доматите ставете ги во хартиено ќесе. Кога ќе созреат, може да траат и до три дена.

7.КАФЕ

Ако кафето го чувате во фрижидер, тоа може целосно да го изгуби својот вкус. Најдобро е кафето да се чува во добро затворен сад, кој не пропушта воздух.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.