Кои лоши навики ве прават постари за 10 години?

Лошите животни навики ја прават кожата постара за 10 години. Ова е заклучокот од заедничката студија на Обединетото Кралство, Кина и Шпанија спроведена врз 585 жени на возраст меѓу 25 до 75 години.  Лошиот животен стил е виновен за 33 отсто од изгледот а 50 проценти се препишува на генетиката.
Така, прекумерна изложеност на штетни УВ зраци, пушењето, диетата со малку овошје и некористењето на хидратантни креми ја уништува кожата и го забрзува стареењето. Затоа, жените со лоши навики изгледаат за 10,4 години постари од оние кои редовно се грижат за нивната кожа, потврдува истражувањето.
– За нега на кожата не е само употреба на скапи креми, најважно е да се јаде здрава храна и да се има поголемо внимание на начинот на живот. Промените се добредојдени и може да се поправи состојбата на кожата,  е заклучокот на тимот вклучен во истражувањето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.