Кои лоши навики го слабеат имунитетот?

270

Неколку секојдневни навики го ослабнуваат имунитетот и тотално ви го уништуваат здравјето, иако можеби не сте свесни за тоа.

1. Имунитетот е исклучително важен и со него не би смееле да си играте, но верувале или не, дури и начинот на кој се карате со партнерот влијае врз начинот на кој вашето тело се бори против бактериите и вирусите, тврдат научниците.
2. Ноќните птици се први на удар на лекарите затоа што прескокнувањето на сонот има многу силно влијание на имунитетот – помал сон, помалку имунитет. Мажите кои спијат само четири часа има двојно помалку антитела од оние кои спијат 8 часа.
3. Антибиотиците ги прават бактериите отпорни и како последица од тоа, инфекциите стануваат се посериозни. Затоа, не барајте од својот лекар антибиотици за секоја глупост, туку само тогаш кога е навистина потребно и испијте ја целата терапија.
4.Пушачкото опкружување претставува голем ризик за имунитетот, затоа што и пасивното пушење е еднакво опасно како и активното, па избегнувајте зачадени простории кога и да е можно.
5. Недостатокот на движење, односно, возењето со автомобил секогаш и секаде делува штетно врз имунитетот затоа што, како што докажало едно истражување, оние кои го избегнуваат движењето биле на боледување двојно повеќе од оние кои се постојано во движење. Неделно е потребно минимум 30 минути вежбање за да се активираат белите крвни зрнца и да се поттикне имунитетот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.