Кои лекови мора да ви се при рака кога сте на одмор?

893

Покрај кремите за сончање и костимите за капење, на летен одмор не заминувајте без мала аптека во торба. Задолжително мора да имате лекови за намалување на температура која најчесто се јавува кај деца при промена на клима.

Неопходни се и препарати против алергиски реакции кои можат да настанат од сонцето но и од убод на инсекти. Лекарите велат дека за летување надвор од државата, родителите мора да имаат при рака и прашоци за рехидрирање на телото.

– Тие се прашоци кои се раствораат во вода и се како еден вид на инфузија која помага да се рехидрира телото. Но за да не дојде до вакви реакции родителите мора да внимаваат децата да не бидат долго време изложени на сонце и да примаат доволно течности, вели Анита Димовска, лекар

Во летната аптека според лекарите можат да се најдат и пробиотици како и капки за очи и за уво. Но никако да не носат антибиотици кои мора да бидат издадени под надзор на лекар а некои од нив под дејство на сонцето можат да предизвикаат алергиски реакции па дури и гушење.

– Во летната аптека може да има и фластер и стерилни гази и хидроген, бидејќи може да настане до мали повреди со кои на лице место ќе се укаже прва помош. Доколку станува збор за поголема повреда, тогаш треба да се побара лекарска помош, вели Димовска

Покрај соодветна заштита за децата на море, лекарите велат дека треба да внимаваат и трудниците. Советуваат оние кои се во поодмината бременост да не патуваат, а доколку веќе одат да се кријат од сонцето. А пак, хронично болни кои сакаат на море со себе да ја носат и неопходната терапија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.