Кои болести се закануваат според бојата на косата?
Можеби е тешко за верување, но бојата на косата покажува склоност кон одредени здравствени проблеми. Експерти укажуваат дека квалитетот на косата многу кажува за здравјето. Најнови истражувања покажуваат дека со одредена боја на коса одат и одредени здравствени проблеми, односно, тенденцијата кон тие проблеми.
кафеава коса
На бринетите почесто им опаѓа косата за разлика од останатите жени. Се претпоставува дека причината за тоа е што и онака имаат помалку влакна, а нивната коса е помалку отпорна на внатрешните и надворешните влијанија. Губењето на косата може да се спречи со правилна исхрана и земање витамини.
руса коса
Макуларната дегенерација или перде на очите е болест поврзана со стареењето која постепено го уништува видот и на неа повеќе се склони жените. Односно, русокосите. Според експертите за да се спречи ова во храната мора да воведат кељ и спанаќ и друг зеленчук кој содржи лутеин. Исто така, русокосите имаат поголема шанса за развој на меланом. Бојата на косата делумно ја утврдува меланинот. Но кај русокосите тој се произведува во помали количини поради што овие лица имаат почуствителна кожа и ризик од развој на меланом.
црвена коса
По неколку истражувања е утвдено дека анестезијата послабо дејствува кај лица со црвена коса. Не е јасно зошто, но се претпоставува дека влијание има мутацијата на генот кој е одговорен за бојата на косата. Друго истражување покажа дека црвенокосите жени имаат поголем ризик од Паркинсонова болест. Развојот и прогресијата на болеста, велат експертите, може да се спречи со земање на мултивитамини.