Кои болести најтешко се откриваат?
Овие пет болести би можеле да бидат фатални ако не се откријат на време, но вие можете да научите да ги препознавате нивните симптоми.
1.Рак на јајниците
Во Америка оваа болест ја погодува секоја 75-та жена. Шансите жената да живее пет години од појавувањето на болеста изнесува мали 46 проценти, а тој процент може уште повеќе да се намали ако болеста не се дијагностицира на време. Повеќето од симптомите се тивки и тешко воочливи, па правилната дијагноза може да им избега и на искусните доктори. Симптомите по правило се појавуваат во понапреден стадиум, како последица на течности во стомачната шуплина. Најчестите симптоми се грчевити болки во абдоменот кои траат подолго од две седмици, мачнина, уринарна инконтиненција, повраќање, вагинално крварење и чувство на надуеност. Најважно е жените редовно да одат на гинеколошки прегледи и тестирања, посебно после 50 години.
2.Срцеви болести
Иако нам ни се чини дека сите знаеме доста за инфарктот, некои индикации на болести на срцето можат да ни побегнат. Не се симптоми само болки во градите, потење и болка во рацете. Меѓу оние првите симптоми кои најавуваат сериозна состојба се краткиот здив, вртоглавицата и уморот. Ако во семејството имате историја на срцеви заболувања, под поголем ризик сте од тие болести и обратете повеќе внимание на промените.
3.Лупус
Лупус е хронична, автоимуна болест која може да го оштети било кој дел од телото, кожата, зглобовите и органите внатре во телото. Во основа, вашето тело се напаѓа самото себе, своите органи, а често и мозокот, на ист на кој би се и борело против болеста. Лупусот не неизлечив и може да се третираат само симптомите. Доста е тешко да се дијагностицира. Црвен осип во облика на пеперутка на лицето, најчесто на носот или образите, болни и уморни зглобови, болно дишење, губење на косата, главоболки и болки во абдоменот, се некои од симптомите дека можеби имате лупус.
4.Дијабетес
Симптомите на дијабетес тип 2 можат да бидат доста подмолни и лесно е да се заклучи дека тоа се минливи тешкотии. Поради тоа може да се развијат компликации. Симптоми на кои треба да пазите се неверојатна жед, зачестено мокрење, губење на тежината и умор.
5.Болест на моторниот неврон
Станува збор за невролошко пореметување кога нервните ќелии пропаѓаат во толкава да станат трајно оштетени. Во поодмината фаза пациентите ја губат целата способност на мускулите и умираат. Слабеење на мускулите и грчеви се дел од симптомите на оваа болест