Кои болести можат да се превенираат со сончање?
Придобивките од изложување на сонце се многу поголеми од ризикот од развој на рак на кожата, покажува едно истражување на Универзитетот од Единбург. До сега се сметаше дека производството на витамин Д е единствената корист за здравјето од изложеност на сонце. Но научниците велат дека срцевите заболувања и мозочниот удар предизвикан од висок крвен притисок предизвикуваат 80 пати повеќе смртни случаи отколку рак на кожата …
Телото изложено на УВ зраци ја добива потребната количина на витамин Д, но сонцето влијае и на намалување на крвниот притисок а со тоа и намалување на ризикот од срцев напад и мозочен удар, како и продолжување на животот. Поради изложеност на сонце се излачува азот моноксид (NO), кој помага да се намали крвниот притисок.