Кога почнува ризикот за депресија?
Децата чии мајки страдале од депресија за време на бременоста имаат поголем ризик од развој на депресија во зрелата возраст покажала една британска студија.
Меѓутоа, третманот на депресијата за време на бременоста може да го намали ризикот од идни проблеми со менталното здравје кај децата, велат истражувачите од Универзитетот во Бристол.
Истражувањењто опфатило повеќе од 8.000 деца на мајки кои имале постпородилна или депресија за време на бременоста.
Ризикот е околу 1,3 пати повисок на возраста од 18 години.
Истражувањето е објавено во списанието Јама психијатрија. Лидерот на истражувањето Ребека Пирсон изјави дека “депресијата за време на бременоста треба да се сфати сериозно и да се третира. Иако е мал постои ризик за детето.”
Научниците велат дека развојот на менталното здравје не започнува со раѓањето, туку уште во матката.