Кога одите на плажа внимавајте на овие работи!

214

Во летниот период кожата е изложена на многу опасности. Многу од нив ги правиме несвесно а тоа резултира со оштетување на кожата. Еве неколку правила на кои треба да внимавате

–одење на плажа или базен веднаш после бричење

Кога се фрлате во вода веднаш по бричење, на кожата брзо ќе осетите иритација на чувствителните делови. Кожата не треба да биде изложена на вода и сончева светлина веднаш по бричење. Причината е и од естетски карактер – иритацијата ќе биде видлива на вашата кожа, а вие ќе осетите дека површината не е мазна и покрај бричење.

-“жедна” кожа

Летните горештини ја сушат кожата. Кога сте жедни, жедни е и вашата кожа на која и е потребна хидратација. Сонцето ја привлекува влагата од кожата, па таа добива ронлив изглед. Недостаток на вода во кожата може да предизвика и здравствени проблеми, едноставно затоа што кожата мора да задржи влага во своите ќелии со цел да се ревитализира и да ја задржи свежината. Креми и лосиони ќе го решат проблемот на “жедна” кожа привремено, но важно е да внесувате многу течности и храна богата со вода, како што е лубеницата која е одлично летно освежување.

-занемарување на кожата на вратот

Кај постари жени, може да забележите убаво лице со малку брчки и врат со многу брчки. Причината е занемарување на кожата на вратот. И таа треба да биде мачкана со креми како и лицето. Исто така неопходна е и заштита на кожата на вратот за време на сончање.

-нанесување парфем за време на сончање

Нанесување на парфем или крема со јак мирис пред изложување на сонце може да предизвика сончеви пеги на лицето или вратот, а најчесто околу уво, каде што најчесто се применува. Состојките на парфеми и креми во комбинација со сончева светлина, ветер и топлина не може да помине без последици. На кожата може да се појават меурчиња или дамки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.