Кога новите мајки претеруваат со мајчинството?

195

Иако околината треба да го разбере и да го толерира мајчинството, сепак постојат ситуации кога новите мајки знаат да претераат.

1. Разговор со бебето преку телефон. Гугањето, гласното смеење или првите зборови се важни за мајката и таа сака тоа да го подели со целиот свет. Но, непријатно е кога мајката ќе ја стави телефонската слушалка на увото на бебето и ќе чека пријателот да зборува со детето.

2. Покажување на пелената. Пријателите нема да забележат ако мајката ги менува пелените на бебето пред нив. Но, мајката сигурно претерала ако побара пријателите да ја помирисаат пелената.

3. Константно самосожалување. Факт е дека улогата на мајка е најтешката работа на светот, но не треба да се заборави дека самата таа го избрала сегашниот начин на живот. Мајките често претеруваат кога го фалат родителството, но притоа жалат за забавите и слободното време.

4. Се преправа дека слуша. Мајките често се преправаат дека ја слушаат пријателката што раскажува, но во исто време разговара со детето. Мајките треба барем еден час во денот да одвојат за разговор со пријателите.

5. Злоупотреба на љубезноста. Пријателите ја сакаат и разбираат дека мајката е уморна, но нема оправдување ако таа ја злоупотребува нивната великодушност. Чувањето на дете или пак држењето во раце на бебе посебно за лицата кои немаат деца е голема задача и сите не се подготвени да ја прифатат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.