Кога е време да престанете со јадењето на слатки?

257

Доколку сте постојано гладни, премногу јадете шеќер. Покачениот шеќер во крвта не дозволува глукозата да навлезе во клетките и телото постојано бара храна за енергија.

Кога јадете премногу шеќер постојано сте уморни бидејќи вашето тело неправилно ја користи енергијата.

Уште една несакана последица од претерувањето со слатко е и честото мокрење.

Кога јадете премногу благо и нивото на шеќерот во крвта расте вие сте постојано гладни, но и жедни.

Интересен е фактот што кога нивото на шеќерот во крвта расте вие може да намалите килограми за кратко време што се должи или на дехидрацијата поради честото мокрење или пак надокнадувањето на инсулинот.

Сувата кожа е исто така знак дека треба да намалите со благото, а кога јадете премногу шеќер ви опаѓа концентрацијата, ви се поматува видот и ви слабеат нервите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.