Кога амбулантите се полни со пациенти, во аптеките нема лекови на рецепт!

На крајот од месецот лекови на рецепти нема. Деновиве кога амбулантите се полни со болни, пропишаната терапија мора да ја земаат со пари.
-Точно дека е крај на месец, но лековите кои ми требаат ги има 28 таблети во кутија и морам да земам на крај на месец. Ги поминав сите аптеки и нема ништо морам да платам, а кутија чини 380 денари. Тоа за мене е многу – вели граѓанин кој има хронични болести.
-Јас имам астма. ова повеќе не се издржува, спрејовите што ни се неопходни за оваа болест ги има само првите два три дена од месецот, реагира граѓанин..
Ова е сликата во аптеките секој месец, веќе подолг период, или како што се жалат граѓаните ова им се случува особено оваа година.
Во март од Фондот за здравствено за здравствено осигурање најавија ревидирање на квотите, но граѓаните сепак реагираат бидејќи остануваат без потребните хорнични лекови. Кога ќе биде надминат овој сериозен проблем, засега без одговор од надлежните институции.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.