Кивањето може да открие каква личност сте!
Начинот на кој киваме кажува се за нашата личност, се тврди во најновата американска студија. Гласното и експлозивно кивање во поголем случаи доаѓа од личност која е отворено и дружељубиво, додека срамежливите лица се обидуваат да го спречат кивањето, што резултира на потивок звук.
– Кивањето е како смеењето. Некој се смее гласно, некој нежно. Слично е и со кивањето. Тоа е повеќе психлошка работа и открива каква е некоја личност во суштина, како и структурата на карактерот, велат истражувачите.
Кивањето е рефлексна реакција која настанува кога иритирачки фактори, како што се бактерии, полен и прашина ќе продарат во носот, а мозокот добива сигнали дека организмот мора да се ослободи од страното тело. Тоа поттикнува длабоко вдишување воздух кој се задржува во градите, ги затега градните мускули и создаваи притисок кој не тера да киваме.
– Кивањето е несвесен феномен, дел од телесниот механизам за одбрана, начин на кој се чистат бактериите кои можат да бидат штетни за организмот. Сепак, можно е да се контролира начинот на кој ќе излезат. Експертите велат дека формата на носот и структурата на коските на лицето играат мала улога во тоа како ќе звучи нашето кивање, а поголем број луѓе воопшто не размислуваат за тоа, туку тоа се случува како природна и автоматска активност