Кинеска лабораторија тврди дека годинава ќе има лек за Ковид-19

Кинеска лабораторија развива лек против Ковид-19 кој ќе биде подготвен за масовно производство подоцна оваа година.

Лекот базиран на антитела, развиен на престижниот универзитет во Пекинг, го скратува времето на закрепнување кај пациенти со ковид-19, но исто така создава краткорочен имунитет на вирусот, велат истражувачите.

Суни Кси, директор на Универзитетскиот иновативен центар за геномика, посочува дека лекот се покажал успешен кај животните.

Кси исто така рече дека количината на вирус кај заразените глувци е значително намалена откако им биле вбризгувани неутрализирачки антитела.

„Ова покажува дека потенцијалниот лек исто така има и терапевтски ефект“.

Лекот користи неутрализирачки антитела произведени од човечкиот имунолошки систем за да спречи вирусот да влезе во клетката. Антителата биле изолирани од крвта на 60 оздравени пациенти.

Напис за истражувањето беше објавен во научното списание Cell. Кси посочува дека неговиот тим деноноќно барал антитела.

Тој додаде дека лекот треба да биде подготвен за употреба подоцна оваа година, на време за можен втор бран на пандемијата во зима. Во моментот се заразени со коронавирус 4,8 милиони луѓе, а 315.000 починале.

„Планирани се клинички испитувања“, рече Кси, додавајќи дека тие ќе се спроведат во Австралија и во други држави бидејќи бројот на заболени во Кина рапидно се намалил.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.