Кинеска диета – Ги топи килограмите и го прочистува телото!

Би требало да ги исфрлите слатките и производите од брашно од исхраната, како и животинските масти, алкохолот, кафето и преголемата консумација на сол и зачини.

Прв ден

Појадок: 150 грама свежа зелка, 200 милилитри минерална вода

Ручек: четири лажици варен ориз, 150 грама салата од рендан морков и маслиново масло, 200 милилитри кисела вода.

Вечера: 150 грама варена риба, мало парче ‘ржан леб, неколку листови зелена салата, 200 милилитри зелен чај.

Втор ден

Појадок: 150 грама салата од морков со маслиново масло, потпечен ‘ржан леб, 200 милилитри кисела вода.

Ручек: 200 грама салата од моркови, зелка, зелена салата, целер, парче ‘ржан леб, 200 милилитри свежо цеден сок од јаболко без шеќер.

Вечера: 100 грама варен ориз, листови зелена салата, половина грејпфрут, 200 милилитри минерална вода.

Трет ден

Појадок: 200 грама салата од јаболка, круши, портокал, банани, 200 милилитри свежо цеден сок од портокал без шеќер.

Ручек: 250 грама варен аспарагус, 150 грама зелка салата со сок од лимон, парче ‘ржан леб, 200 милилитри минерална вода.

Вечера: 250 грама пржени печурки (без масло), мал варен компир, 200 милилитри минерална вода.

Четврти ден

Појадок: јаболко, портокал, тост од ‘ржан леб, 200 милилитри свежо цеден сок од портокал без шеќер.

Ручек: 300 грама варен аспарагус со ориз и босилек, јаболко, парче ‘ржан леб, 200 милилитри минерална вода.

Вечера: 200 грама варена риба, два мали варени компира, парче ‘ржан леб, 200 милилитри зелен чај.

Петти ден

Појадок: 150 грама оризова каша сварена во вода, 200 милилитри кисела вода.

Ручек: 200 грама салата од зелка, парче ‘ржан леб, 200 милилитри кисела вода.

Вечера: 200 грама салата од зелка, моркови, зелена салата и маслиново масло, парче ‘ржан леб, 200 милилитри минерална вода.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.