Келавите луѓе имаат зголемен ризик од инфаркт!
Губењето на косата кај мажите не е само козметички проблем, туку е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања. Особено е опасно целосното губење на косата од темето. Тоа го покажало истражувањето на Универзитет од Токио кои тестирале 40 000 луѓе.
Откриле дека мажите кои оќелавиле на темето пред 50-тиот роденден имаат за 52 проценти поголем ризик од срцев удар, додека оние кои ја губат косата кај бакенбардите и на врвот на главата имаат ризик од 22 проценти. Иако врската помеѓу губење на косата и болестите на срцето не е целосно дефинирана, експертите веруваат дека кај мажите кои порано почнуваат да ја губат косата имаат повисоко ниво на хормонот тестостерон во крвта, кој исто така е поврзан со поголем ризик од затнати артерии и хипертензија. Ќелавењето само по себе не е знак за претпазливост од болести на срцето. Но според експертите е многу важно од која возраст и на кои места од главата почнува губењето на косата. Ако тоа се случува во 20тите или 30тите години, лекарите препорачуваат посебна претпазливост.