Ќе ви го исчисти целото тело

Детокс супа од грашок, магдонос, спанаќ и целер

На оваа комбинација зеленчуци, никој не е рамен! Станува збор за највкусната крем супа чија подготовка е многу едноставна. Таа не само што ќе ви го заблажи сетилото за вкус, туку и ќе го зајакне вашето тело, ќе ви помогне да ослабите и ќе ве прочисти од сите токсини. Таа исто така ќе ви помогне да го нормализирате дигестивниот систем, да ја зголемите отпорноста на стрес и ќе ви го заштити телото од вируси и бактерии. Да не заборавиме и на антиоксидантските ефекти!

Потребни состојки:

120 грама сварен грашок
2 шаки свеж спанаќ
1 големо стебло целер
1 шака свеж магдонос
1 лажица свеж коријандер
1 чешне лук
200 милилитри вода
2 лажици кокосово масло
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки освен водата во блендер и добро изматете. Потоа додајте ја водата и продолжете со матење додека не добиете кремаста структра. Префрлете ја супата во сад со средна големина и загрејте ја по желба, но не дозволувајте да почне да врие. Пробајте ја и додајте сол по желба.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.