Ќе се изненадите кога ќе прочитате што содржат “мастиките”!
Гумите за џвакање постојано присутни кај сите генерации, како за младите така и за повозрасните.
Неодамна многумина се загрижија од сознанието дека гумите за џвакање без шеќер содржат аспартам, супстанца што некои ја нарекуваат „благ отров“ што се прави од пластика.
Гумите за џвакање се произведуваат на база на гума, засладувачи, материи за омекнување и за згуснување, ароми, средства за боење и конзерванси. Поливинил ацетат е една од состојките на гумите за џвакање, а се користи и за изработка на лепак.