Ќе се бара кривична одговорност за смртта на двегодишното дете во болницата во Охрид!

Министерството за здравство ќе бара кривична одговорност за смртта на 2 годишното девојче кое почина во август во Охридската болница, дознава Сител. Деновиве здравствени инспектори ги анализирале сите документи во однос на третманот на детето кај кое првично била дијагностицирана вироза. Сомнеж отворил обдукцискиот наод кој покажа дека девојчето починало од сепса. Според неофицијалните информации на Сител на пациентот не му е направена крвна слика. Од ресорното министерство потврдија дека за конкретниот случај се собираат информации и документи. Неизвесно е дали во истрагата ќе биде опфатено едно или повеќе лица кои тој ден биле на смена во болницата во Охрид.

-Откако ќе се комплетира целокупната документација, МЗ согласно законските надлежности ќе покрене конкретни дејства за евентуално санкционирање на одговорните лица во конкретниот случај, одговорија од Министерството за здравство.

Неизвесно е дали во истрагата ќе биде опфатено едно или повеќе лица кои тој ден биле на смена во болницата во Охрид.
На крајот на август комисијата формирана од министерството за здравство не најде лекарска грешка во случајот со смртта на 2 годишното дете од Охрид, но стручниот надзор е направен пред да бидат готови резултатите од обдукцијата.
Пред 10 дена Јавното обвинителство официјално го соопшти обдукцискиот наод и информираше дека утврдува кривична одговорност.

– Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса, стои во соопштението од ЈОРМ.

Инаку детете два пати било носено во охридската болница, попладнето на 26 август дежурниот лекар му дијагностицирал вироза и по дадената терапија девојчето било пуштено дома. Неколку минути пред полноќ родителите повторно го донеле во болницата без срцева акција и во бесознание. И покрај обидите за реанимација лекарите неуспеале да го спасат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.