Казнувањето на деца во училиштата влијае на нивното ментално здравје

Сѐ поголемата популарност на примена на политика на „нулта толеранција“ при недолично однесување на учениците во училиштата ширум Велика Британија, доведува до криза на менталното здравје, изразуваат жалење тамошните професори.

Некои дури велат дека честото казнување, кое подразбира дополнително останување во училиште после часови, изолација и други слични мерки, претставуваат „ништо друго туку злоставување на деца“,смета професорот Џонатан Редифорд, кој тој начин на воспитување го карактеризира како „нулта толеранција“.

Тој наведе пример за девојче на час кое разговарало на телефон, свесна дека тоа не е дозволено, поради што била исфрлена од часот. Проблемот е во тоа што разговарала со мајка си, припадник на британската војска, која се наоѓала на мисија во Ирак, и со која ќерката се немало слушнато еден месец.

„Таквиот начин на казнување нема да ни помогне да создадеме јаки и отпорни луѓе, полни со самодоверба“, вели Редифорд.

Кон почетокот на оваа година, директор на едно училиште во Британија, Бери Смит, стана познат по тоа што на децата со неуредна фризура им забрани да доаѓаат на часови, а потоа воведе и потполна забрана за гуми за џвакање.

Помалку бизарно звучи и податокот дека учениците од Трговската академија во Бристол се соочувале со казни поради тоа што нивните кондури не биле доволно чисти. За казна биле принудени да стојат мирно и да гледаат во часовникот кој се наоѓал на ѕидот.

Секретарот на унијата на професори во Велика Британија, Рос Мекнил, вели дека на просветните работници им се врши притисок да применуваат „ригорозни санкции и да ги казнуваат учениците кога и да постои причина за тоа, како и тоа казнените мерки некогаш да подразбираат и гладување и да ги доведуваат децата до умор и анксиозност“.

„Наставниците се многу загрижени поради степенот на анксиозност кај децата, самоповредување и незадоволство до кое целото тоа доведува“, вели Мекнил.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.