Кампања: Со овој прашалник дознајте дали сте депресивни?

1,358

Дали имате проблеми со спиењето, намален или зголемен апетит, слаба концентрација, брз замор… Ова се дел од прашањата кои ги содржи анкетниот лист за самопроценка на депресија. Целта е навреме да се откријат симптомите на скриената болест.
Прашалникот е достапен во ординациите на сите матични лекари. Секој пациент при првиот преглед може да го пополни и да провери дали има почетни симптоми на депресија.
Според податоците од Мој термин, минатата година оваа дијагноза им била поставена на околу 55.000 лица. Но, лекарите претпоставуваат дека бројката е многу поголема, зошто многу граѓани сакаат да сокријат дека страдаат од депресија.
-Две третини од пациентите кои дошле во ординациите на семејните општите лекари имаат физички симптоми, а дел од нив имаат симптоми кои укажуваат дека имаат депресија, но ги игнорираат и отфрлаат и мислат дека тоа ќе помине, изјави д-р Катерина Ковачевиќ, претседател на Здружението на лекари по општа семејна медицина.
– Пациентите треба да се ослободат од табу темите и отворено да разговараат за овој проблем кој во светски рамки во неразвиените и во средно развиените земји се повеќе е присутен кај младата популација на возраст од 15 до 19 години и е причина за смртност после сообраќајните несреќи, изјави д-р Љубин Шукриев, генерален секретар претседател на Здружението на лекари по општа семејна медицина.
-Граѓаните да им веруваат на своите семејни лекари бидејќи, како што рече, тие како чувари на нивното здравје најдобро знаат како да препознаат депресија, изјави д-р Горан Димитров, претседател на МЛД.
И светскиот ден на семејните и општите лекари е посветен на депресијата, а во петок ќе го одбележат во нивните ординации и отворено ќе зборуваат на оваа тема со пациентите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.