Какво милениче ви одговара според хороскопскиот знак?
Овен
На Овенот никогаш не му е здодевно и ретко сака да одмара. Тие секогаш се полни со енергија и ентузијазам за животот, полн со авантури. Енергичното куче со среден раст ќе биде пресреќно кога ќе доаѓа со вас на пешачење или трчање.
Бик
Зависни и тврдоглави по природа, Биковите сакаат многу внимание. Затоа златниот ретривер, лабрадорот и другите видови на исклучиво дружељубиви и верни миленичиња ќе ја задоволат Биковата потреба од верен пријател. Совршен избор е и мачка која обожава да се гали.
Близнаци
Итрите Близнаци ги стимулираат интелектуални разговори и возбудливи задачи. Овој знак сака интелигентни предизвици, па затоа идеално милениче се животните кои можат да зборуваат – папагалите. Исто така, сијамските мачки се идеални за Близнаците.
Рак
Раковите се многу чувствителни луѓе кои сакаат да се грижат за другите. Поради тоа, малите слатки хрчаци се идеални за чување и ја задоволуваат потребата од грижа на Раковите.
Лав
Страствените Лавови сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат да издвојуваат пари на скапи работи. Затоа тие бараат домашно милениче кое ќе ја задоволи нивната потреба да бидат тоа – главни. Идеалното животно за овој знак е мачка со долго влакно, со која добро ќе се сложуваат бидејќи и лавовите припаѓаат во фамилијата на големи мачки. Лавот мрази здодевност, па затоа добар избор би било и куче со средна големина како кокер шпаниел, посебно ако успее да го научи некој трик.
Девица
За педантните Девици, миленичињата кои создаваат најмалку неред во домот се најдобар избор. Тие сакаат друштво, но не по цена на својата удобност. Најдобриот крзнен пријател на овој знак би било куче кое не бара многу одржување – без долги влакна.
Исто така, добар избор се и рибите, кои и покрај сите предрасуди, знаат да бидат добро друштво. Докажано е дека рибите реагираат на човековиот глас.
Вага
Вагите се љубители на естетиката и сакаат се околу нив мора да биде дотерано, а со тоа и нивното милениче. Затоа персиската мачка е одличен избор за овој знак.
Шкорпија
Под мирната и тивка Шкорпија секогаш се крие исклучително страствена личност. Паметните, кралски мачки или грандиозните раси на кучиња се миленичиња кои најмногу им одговараат на Шкорпиите, како што се сијамската мачка или дога. Најхрабрите Шкорпии најмногу би уживале во друштво на рептили.
Стрелец
Желката или рибите се идеален избор за Стрелците, а доколку имате потреба од милениче кое ќе го водите со себе на своите патувања, идеален сопатник за им е кучето.
Јарец
Јарците сакаат напорно да работат и никогаш не им претставува проблем да вложат додатен напор за да стигнат до својата цел. Тие се независни по природа, а со тоа бараат и такво милениче.
Затоа кучето не е идеална опција за нив, но мачките, посебно персиската, можат да бидат. Мачката е идеална на Јарецот.
Водолија
Водолиите сакаат необични домашни миленичиња, како што се глодарите, рептилите или егзотичните папагали.
Риби
Рибите се најголемите романтичари од сите знаци, кои сакаат многу љубов и внимание. За нив добар избор е и мачка или големо куче, кое со своето топло крзно ќе ги грее во текот на студените зимски денови. Но, во категоријата на домашни миленичиња за овој знак влегуваат и рибите, од сосема јасни причини.