Какви заштитни мерки превземаат салоните за убавина согласно ситуацијата со корона вирусот?

За да фунционираат нормално салоните за убавина, треба да превземат мерки за заштита за клиентите и своите вработени. За тоа какви мерки се превземаат прашавме во SPECTRA NAIL BAR. Тоа е првиот вистински Nail Bar лоциран во центарот на Скопје, кој се грижи за здрав и модерен изглед на Вашите нокти.

Kакви заштитни мерки превземавте согласно новонастанатата ситуација со корона вирусот?

Нашиот салон, како општествено одговорна компанија кон јавното здравје, ги превзема сите потребни заштитни мерки за своите клиенти и вработени. Согласно препораките ги прилагодуваме мерките на начинот на работа и функционирање на салонот. Сите клиенти кои го посетиле нашиот салон се запознаени со нашиот начин на работа и со тоа дека особено големо внимание посветуваме на одржување на чисти и стерилни услови. Користењето на стерилизатор, посебен сет од инструменти за секој клиент, дезинфекција на работните површини и подот, користење на заштитни маски и ракавици се дел од секојдневната рутина и пред да настане актуелната ситуација со корона вирусот.

Кои новини ги воведовте во работењето?

Освен стерилизација на сетовите за работа, воведовме и UV бактерицидни/гермицидни ламби за стерилизација на целиот простор во салонот. Бенефитите од UV зраците се тоа што се екстремно ефективни во уништување сите типови на бактерии и вируси, делуваат инстантно и безбедни се за луѓето и околината.

Потоа, клиентите ги закажуваме така што се единствени во салонот и немаат контакт со други клиенти, освен со вработените.

Спроведуваме константна едукација на персоналот за одржување на хигиено-санитетски услови, за што е доказ и последниот сертификат за превенција и контрола на инфекции.

Со сите овие превземени мерки можеме да се фокусираме на она што највеќе ни значи – негата на нашите клиенти и нивното здравје.

Што им препорачувате на клиентите?

Да се грижат за сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски, да се придржуваат до препораките и секако да носат заштитна маска при доаѓање во салонот. Не треба да се двоумат дали да не посетат, бидејќи ние обезбедуваме чиста, удобна, пријателска и пред се безбедна средина.

Spectra Nail Bar (телефон за закажување 078 873 703)

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.