Какви таблети им биле делени на студентите на УКИМ?

Белите таблети на Бионика фармацеутикалс ги алармираше родителите – Кој и што им дели на студентите во универзитетскиот кампус.? По паниката што ја предизвикаа споделувањата на социјалните мрежи дека на идните академски граѓани им велеле дека е доволна само една капсула на ден за концентрација и енергија, се огласија и надлежните институции. Од УКИМ и дозволиле на компанијата да прави презентација во нивниот двор а Агенцијата за храна и ветеринарство со објаснување дека производот Вигорикс Интенс од нивна страна бил одобрен како додаток на исхрана.

-Производот е одобрен по утврдување на усогласеноста на приложената документација со националните прописи кои се однесуваат за оваа група на производи и документите – Известување од Агенцијата за лекови, и Стручното мислење од страна на Институтот за предклиничка и клиничка фармакологија дека производот не е лек, велат од АХВ.

По реакциите во јавноста со свој став се јави и компанијата увозник. Тврдат дека прозиводот е безбеден а за негова промоција ги имале сите неоходни дозволи од надлежните институции.

-Производот Вигорикс Интенс е во овластена продажба во сите аптеки ширум земјата, како и во Република Србија и во Република Словенија. За потребите на промоцијата на Вигорис Интенс, беше изработено специјално промотивно пакување, а во редовна продажба, производот може да се најде во комерцијално пакување, стои во соопштението на Бионика Фармацеутикалс

На официјалниот сајт на компанијата увозник, за Вигорикс Интенс пишува дека содржат 110 мг кофеин, жен шен, гуарана и Б витамини. Го намалуваат чувството на замор и исцрпеност и ја зголемуваат физичката издржливост. За здравствени експерти не е спорна содржината на суплементот, туку етичкиот момент во целиот случај, зошто ги делеле во комплексот факултети.

Невролозите кои ги контактиравме велат колку витамините и да се добри, можат да имаат и негативни последици доколку се претера со нивно консумирање.

-Ако се пијат навечер можат да предизвикаат пореметувањ ена сонот, иако кофеинот што го содржат не е толку голем но предизвикува тахикардија ако се зема во голема количина, вели др. Теута Далипи, невролог во Бит Пазар.

Нема информација дали студентите кои добиле од промотивниот пакет ги пробале таблетите. Други, пак, тврдат дека не добиле никакви апчиња.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.