Каква тајна кријат сините очи?

За многу луѓе сините очи се најубави, но кријат чудна тајна. Научниците откриле интересни факти за луѓето со сини очи кои датираат уште пред 10.000 години, а можеби баш и нема да ви се допаднат.

Имено, сите луѓе некогаш одамна имале темни очи, но од Универзитетот во Копенхаген тврдат дека луѓето со сини очи имаат ист предок. Да, тоа значи дека сите тие се роднини.

Научниците ги истражувале гените на околу 800 луѓе со сини очи и откриле дека 99.5% имаат иста мутација, што значи дека делат генетски материјал – како роднини.

Кај луѓето со темна боја на очите ова не е случај, бидејќи има многу варијации на гените.

Инаку, има уште една интересна работа. Постои теорија дека очите со сина боја заживеале, бидејќи тие луѓе биле попривлечни и полесно бирале партнери, пренесува Еlitedaily.

Бојата на очите еволутивно се сменила пред бојата на кожата. Тоа значи дека луѓето со потемен тен од Африка би можеле да имаат сини очи. Но, тоа е само теорија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.