Каква музика слуша детето така и ќе се однесува кога порасне!
Резултати од едно холандско истражување покажува дека децата кои сакаат неконвенционална музика ќе имаат повеќе проблеми во однесувањето кога ќе станат адолесценти.
Научниците ја проучува поврзаноста на видот на музиката која децата ја слушааат и нивното подоцнежно однесување. Истражувањето траело четири години при што биле опфатени 300 деца на возраст од 12 години.
Резултатите покажале дека децата кои слушале хип-хоп, хеви метал, готик, панк, техно, хардхаус на некој начин се делеле од масата, продолжувале тоа да го прават и на 16 години.
Испитаниците кои сакале рок музика на 12 години и фино се однесувале, на 16 години биле склони кон деликвентно однесување.
Децата кои слушале поп, џез или класична музика не покажувале знаци на проблематично однесување ниту на 12 ниту на 16 години.
Склоноста кон одреден вид на музика е идникатор дали лице ќе се однесува во согласност со воспоставените правила или пак ќе ги крши.