Каков ви е јазикот такво ви е здравјето
Исплазете го јазикот пред огледало и откријте кој од следниве 9 симптоми ги имате:
Розов јазик
Ова е показател дека не внесувате доволно витамини. Поточно, изгледа ви недостасува витамин Б12. Во одредени случаи розовиот јазик може да биде последица и од претерувањето со лута зачинета храна и недостатокот на течности.
Кафеави наслаги
Изгледа баш така како што звучи – грозно, и најчесто е последица од недоволна орална хигиена, често пушење цигари и честа консумација на кафе или црн чај. Обрнете повеќе внимание на хигиената.
Бели наслаги
Честопати белите наслаги на јазикот се тесно поврзани со кандидата во организмот. Задолжително се препорачува консултација со доктор.
„Брчки“ на јазикот
Типично, овие пукнатини или брчки се јавуваат како последица на лоша орална хигиена или инфекција. Исто така, тие може да се знак дека денталното здравје ви е на ниско ниво.
Чувство на печење во средината од јазикот
Често се јавува како последица на хормонален дисбаланс, посебно кај жените по менопауза. Овој проблем мора да го решите со доктор. Исто така, може да биде реакција на несоодветна паста за заби.