Како против хроничниот стрес?

За време на хроничен стрес,  телото произведува  поголема количина на хормонот за стрес, што влијае на несоница, дебелина, намалена меморија и концентрација.

Сето тоа го блокира телото и го става во ситуација од која мислите дека нема излез.

Едно истражување, објавено во Британското медицинско списание, открива дека дури и ниското нивно на анксиозност, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Друго истражување од Универзитетот Харвард, која исто така наоѓа врска помеѓу виталноста и стресот, покажува дека ведрите луѓе се склони кон оптимизам и се за 50% помалку изложени на срцев удар.

Еден начин да се надмудри стресот е да се воспостават некои здрави навики, како здрава исхрана, вежбање или некое хоби кое ќе направи да се чувствувате пријатно во вашето тело.

Секако, не треба да заборавите да се фокусирате на сегашноста, бидејќи многу е полесно да се соочите со нешто што се случува сега, отколку со нешто во минатото на коешто не може да влијаете.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.