Како против есенските настинки?
Чоколадо
Освен што чоколадото го подобрува расположението и помага во депресија, исто така и го зајакнува имунитетот.
Гума за џвакање
Точно дека понекогаш може да предизвика дуење и оштетување на забите ако долго ги џвакате. Но, исто така и го прочистува грлото и спречува инфекции во устата, па неколку минути џвакање не би требало да влијаат лошо.
Шампањ
Според француски доктор, шампањот помага во неутрализирање на токсините во телото, но не треба да се пие ладен.
За да го користите како „лек“, истурете една чаша шампањ во тавче, додадете лажичка мед и оставете да зовријат. Потоа оставете пијалакот малку да се излади и навечер испијте го.
Курукума во храната
Куркумата се користи како зачин, но многу малку луѓе знаат дека има голема моќ да го заштити организмот од настинки. Содржи состојки кои се доволно моќни да ги уништат бактериите и вирусите.
Банана
Бананата ослободува од стрес и го подобрува расположението, што е исклучително важно кога сите околу вас се со лошо расположение заради настинките. Плус, бананата содржи витамин Ц, што му помага на телото да се справи со инфекциите.
Многу јогурт
Заради високото ниво на пробиотик, јогуртот придонесува за зголемување на леукоцитите што го зајакнува имунитетот. Секојдневно консумирање на јогурт ќе биде значајно за телото во период на настинки.
Зелен чај
Зелениот чај е богат со корисни состојки како јод, магнезиум, фосфор и цинк, па благодарение на нив, една шолја зелен чај ќе ви го зајакне имунитетот.
Цитрусна купка
Барем еднаш неделно наполнете си ја кадата со топла вода и истурете сок од лимон и портокал (или искoристете сува кора). Аскорбинската киселина ќе го прочисти телото од инфекции, а освен тоа цитрусната купка е и добар антидепресив.