Како при пеглањето на косата, фризурата да биде рамна?
Што треба а не го правите при пеглањето на косата за таа да остане здрава, а фризурата совршено рамна.
Доколку не користите спреј за заштита од топлината, Вашата коса брзо ќе се уништи и расцвета. По миењето, на чиста и сува коса напрскајте мала количина од спрејот, кој ќе спречи високата температура на пеглата да ја уништи структурата на косата.
Пред да почнете со пеглањето, добро исчешлајте ја косата, бидејќи така самиот процес ќе биде побрз и поедноставен.
Пеглата никако на најниска температура
Иако сметате дека ниската температура не може да ја оштети Вашата коса, тоа не е точно. Пеглата, која е наместена на средна или висока температура веднаш ја израмнува косата, по што нема потреба од повторување, за разлика од ниската температура. Со самото тоа помалку ќе ја поминувате косата, а тоа значи и помало оштетување, но и заштеда на време.
Ваквиот начин на пеглање ќе Ви ја израмни косата, но ќе ја направи безживотна. Наместо тоа, почнете со пеглањето од коренот, со тоа што ќе ја влечете косата настрана, а не надолу. Така ќе додадете волумен на темето, а остатокот од косата ќе биде совршено рамен.
Оставете ја косата да се излади
Топлината ја прави фризурата, а студениот воздух ја задржува. Наместо веднаш по пеглањето да ја врзете косата во репче или да ставите шнола, оставете ја косата да се излади, со цел да остане рамна подолго време.