Како преку мирис да откриете болест?

182

Резултатите од неодамнешните истражувања покажуваат дека луѓето можат преку мирисот да осетат кога имунолошкиот систем им е загрозен. Всушност, само неколку часа пред појава на болеста, носот може да помогне во нејзиното откривање. Научниците тврдат дека секоја болест има своја миризба, па туберкулоза на лимфните жлезди мириса на застоено пиво, а луѓето кои боледуваат од дијабетес имаат мирис кој потсетува на мирисот на ацетон.

Во експериментот учествувале две групи. На членовите во првата група им била дадена инјекција на липополисахаридот , раствор кој го активира имунолошкиот систем. Тие носеле тесни блузи за зголемување на птоењето. Втората група не била инфицирана. Потоа 40 волонтери ги мирисале учесниците. Заклучиле дека лицата од првата група имаат повеќе непријатен мирис од другите.

Од истражувачкиот тим констатирале дека фактот што луѓето можат да намирисаат и откријат некоја болест претставува одлична можност за избегнување потенцијални опасности.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.