Како правилно и сигурно да го користите мобилниот кога коронавирусот се шири

Мобилните телефони се една од највалканите работи кои ги поседуваме, па во време на коронавирусот би требало да обрнеме внимание на нивната чистота. Светската здравствена организација даде многу детали за правилното миење на рацете и најдобрата заштита од инфекции, но доколку ги измиете рацете па го земете својот мобилен, кој е полн бактерии, ништо не сте постигнале.

Еве како да го одржувате својот телефон чист и да бидете сигурни дека од него сте ги отстраниле сите бактерии.

1. Исклучете го телефонот пред да почнете со чистењето.

2. Епл предлага да користите микрофибер ткаенина која ја употребувате за чистење на очила. Доколку имате Ајфон 7 или некоја понова верија, која е поотпорна на вода, можете да користите и топла вода со сапун, но избегнувајте со неа да ги чистите отворите на телефонот.

3. Епл и Самсунг соверуваат да не користите производи за чистење бидејќи тие можат да ја оштетат чувствителноста на екранот на допир. Сепак, во време на ширење на зараза, како моменталната, сигурноста е поважна. Доколку немате ништо при рака, ублажете некое средство за чистење со вода и бидете нежни кога минувате преку екранот. Избришете го телефонот и маската од сите страни и внимавајте да не влезе течност во отворите.

4. Доколку се плашите дека ќе го оштетите телефонот, купете некаква ефтина заштита за екран па потоа бришете преку неа, бидејќи неа лесно можете да ја замените.

5. Доколку користите постар телефон, внимавајте, користете мека микрофибер крпа и не употребувајте средства за чистење и вода, бидејќи тие телефони се поосетливи.

Доколку често разговарате на телефон, користете слушалки наместо да го ставате постојано телефонот на лицето. Сепак, и нив би требало да ги исчистите пред користење, бидејќи ниту тие не се отпорни на бактерии. И тука треба да внимавате да не влезе течност во отворите, односно да ги бришете со сува микрофибер крпа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.