Како полесно да заспиете?

Постојат неколку начини кои можете да ги примените ако се соочувате со недостаток од сон, односно ако не можете да заспиете.

Доколку имате болки во ‘рбетот и рамената, обидете се да ја прегрнете перницата додека спиете, а доколку перницата веќе ја изгубила својата форма, тогаш време е да ја замените со нова. Експертите советуваат и да заборавите на мобилните телефони и електронските уреди пред спиење.

Препорачливо е и да се спие на левата страна. Доколку пак крчите, вие или вашиот партнер, тогаш избегнувајте спиење на грб. Што се однесува до грчевите во нозете, научниците сметаат дека таа појава е најверојатно поврзана со исцрпеноста на мускулите и оштетувањата на нервите. Масажата би можела многу да помогне за тој проблем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.