Како полесно да се сетите на настани од минатото?

132

За да се сетиме на некој збор или на некој настан од минатото вообичаено ги затвораме очите, а ефектот е уште подобар кога тоа ќе го сториме пред некоја личност, која ни е позната, тврдат британските научници.

Истражувачите од Универзитетот во Сари, чија студија е објавена во списанието „Legal and Criminology Psychology“, наведуваат дека луѓето имаат тенденција да ги затворат очите, кога ќе се обидат да се сетат на нешто, бидејќи таа техника им овозможува полесно да дојдат до одговор.

И претходно се изработувани студии за поврзаноста на меморијата со затворањето на очите, но овој пат експертите сакале да ги дознаат границите на тој процес.

Имено сакале да утврдал дали затворањето на очите пред лице кое не ни е познато и кое ни поставува прашања, како на пример кога сведокот на некое кривично дело е испрашуван од полицаец, може да влијае на нашето памтење, па со тоа и на веродостојоста на нашиот исказ.

За време на тестот 178 лица гледале филм во кој крадецот влегува во куќата и од неа изнесува скапоцености. По проекцијата, половина од нив имале разговор со испитувачот, со цел меѓу нив да се воспостави поблизок однос.

На волонтерите на двете групи потоа им биле поставувани прашања во врска со филмот, при што едните за време на испитувањето требале да ги држат очите затворени, додека другите не.

Во двата случаи, без разлика дали претходно се познавале со испитувачот, испитаниците во просек давале 23 отсто попрецизни одговори кога ги држеле очите затворени.

Процентот на точни одовори бил уште поголем кај испитаниците, кои пред испрашувањето се запознале со својот испитувач.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.