Како најлесно да ги исчистите решетките од рерната: Потребна ви е една работа, а сигурно ја имате дома

58

Чистењето на изгорена нечистотија е дефинитивно најомразената домашна работа за повеќето, особено кога станува збор за рерната и скарите во неа.

Сепак, постои решение за тврдоглавите масти, а се што ви треба е нешто што повеќето луѓе веќе го имаат во своето домаќинство.

Таблетките за миење садови се решение за секого, особено за скарите кои се едни од најтешките предмети за чистење.

Истурете топла вода во подлабок сад или када, а потоа ставете три таблети за машина за миење садови во неа. Мешајте додека не се стопат таблетите, а потоа натопете ги решетките и оставете да отстојат најмалку два часа.

На овој начин, нечистотијата треба само да падне од решетката, но ако после тоа остана уште малку нечистотија, можете да ја отстраните со нежно триење со сунѓерче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.