Како на природен начин да се справите со анемијата и да го зајакнете имунитетот?

Цвеклото помага за создавање црвени крвни клетки

Сокот од цвекло е богат со железо и помага за создавање на црвени крвни зрнца како и за намалување на високиот крвен притисок. Сето тоа го прави сокот од цвекло многу добар за болните од срце.

Исто така, тој сок ја зголемува издржливоста при вежбање и зголемени телесни напори и тоа заради нитратите, соединенија на кислород кој ја намалуваат потрошувачката на кислород при физичките напори. Во комбинација со јаболка и моркови е одличен лек за гихт и за системот за варење.

Со спанаќ против анемија

Сокот од спанаќ е одличен ако страдаш од анемија затоа што ги зголемува резервитре на железо во организмот. Содржи и многу калциум, потребен за изградба и здравје на коските.

Ги прочистува и ги заздравува цревата и целиот систем за варење. Корисен е против запек. Против низок притисок, измешајте 3 моркови и една рака спанаќ, а по потреба и разредете го.

Супер магдонос

Магдоносот содржи соединение myristicin, за кое е утврдено дека ги неутрализира канцерогените материи во телото и помага во борбата против ракот на дебелото црево и простатата. Содржи и фитонутриенти кои ја спречуваат макуларната дегенерација и ги штитат очите од УВ зрачење.

Измешајте 3 шолји спанаќ, 6 стебленца целер, 2 круши, пола шолја магдонос и сок од пола лимон за здрав и вкусен сок.

Пченичен напиток за имунитет

Во последно време се се попопуларни и свежите сокови од никулци од житарки, на пример, од пченична трева.

Пченичната трева стара 7 до 14 дена иситнете ја и измиксајте ја во соковник или во блендер па процедете ја. Добро е скеој ден да се пие децилитар сок. Богат е со витамини и минерали, а се препорачува и за здрави и за болни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.