Како на летниот одмор да поминете поевтино?

228

До почетокот на летото останаа само уште неколку недели, а тоа значи дека годишниот одмор практично е пред вратите.

Ова се неколку начини како да заштедите за време на годишниот одмор:

-Алтернативни правци во сообраќајот

Ако сакате да заштедите на патарини, на море упатете се по стари патишта наместо по автопат.

-Избегнувајте скапи ресторани и кафулиња

Познато е дека во многу угостителски објекти на море цените се прескапи. Затоа одберете поевтини, но квалитетни опции.

-Не изнајмувајте лежалки и чадори на плажа

На плажа треба да одите спремни. Предложуваме со вас да носите чадори и помали лежалки за да не трошите пари непотребно.

-Понесете си храна и пијалак со себе

Многу трговски ланци во своите дуќани на море имаат поскапи цени. Затоа не е лошо да ги понесете поскапите намирници со себе.

-Не купувајте на штандови

Иако вам ви се чини дека на штандовите не може да се потрошат многу пари, малку по малку вашиот паричник е се попразен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.