Како може да спречите мозочен удар?

167

Препораките на наведува седум фактори кои се исклучително важни за одржување на здравјето: активен живот, низок холестерол, здрава исхрана, контролирање на крвниот притисок, одржување на оптимална телесна тежина, одржување на шеќерот под контрола и непушење.

Доколку се придржувате на овие препораки, веројатно ќе имате минимални здравствени проблеми или воопшто и нема да ги добиете а секако ќе се заштитите и од добивање на мозочен удар. Научниците од 23.000 испитаници на возраст од 45 години и повеќе го пресметале ризикот од мозочен удар, ако не се следат правилата. Откриле дека најважниот фактор што навистина треба да се држи под контрола, без исклучоци е одржувањето на крвниот притисок.

– Во споредба со оние со висок крвен притисок, испитаниците кои имале идеален крвен притисок имале 60 проценти помал ризик од мозочен удар во иднина – објаснуваат научници од Универзитетот во Вермонт. За време од пет години на следење, 432 од испитаниците добиле мозочен удар. Сите седум фактори играле голема улога во предвидувањето на ризикот, а крвниот притисок бил најважен. Научницит еисто така дошле до заклучок дека луѓето кои не пушеле или се откажале од пушењето повеќе од една година од почетокот на студијата, имале 40 отсто помал ризик од мозочен удар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.