Како ќе изгледате ако ги оставите цигарите?
5 начини на кои ќе се разубавите по откажувањето од цигарите
Се двоумите дали да ги оставите цигарите или не? Можеби овој текст во продолжение ќе ве поттикне да се откажете побрзо, особено ако сте жена. Во продолжение прочитајте како ќе се разубавите откако нема веќе да пушите:
Поцврста кожа
Цигарите го уништуваат колагенот и еластичноста на кожата и го намалуваат колечеството на естроген, кој е неопходен за зачувување на цврстината на кожата.
Почист тен
Цигарите побрзо ќе ве остарат. Исто така борите на лицето ќе ви станат подлабоки , ќе имате неизедначен тен, генерално гледано – безживотна кожа. Во рок од 10 години пушење цигари, ќе бидете дополнително постари за две и пол години.
Намалување на црвенилото на кожата
Цигарите влијаат на процесите на кожата кои создаваат слободни радикали, ги оштетуваат крвните жили и со тоа предизвикуваат воспаление на кожата. Истото се однесува и на редовните и на пасивните пушачи. Само вистинското откажување од цигарите може да ви помогне во намалување на црвенилото.
Се намалуваат црните кругови околу очите
И ден денес не постои лек за целосно отстранување на подочниците, но едно е сигурно – цигарите само ја влошуваат ситуацијата. Димот од цигарите влијае негативно за кожата околу очите која е нежна, па затоа се верува дека откажувањето од нив, ќе придонесе во намалување на црнилото околу очите.
Бели нокти и заби
Цигарите ги пожолтуваат забите, предизвикуваат лош здив и жолтеникави дамки на ноктите. Сето тоа може да се поправи доколку се откажете од нив.