Како Фејсбук влијае врз здравјето?

145

Научниците тврдат дека после одредено време на користење на социјалната мрежа Фејсбук можат да се почувствуваат симптоми на клиничка депресија.
Веќе подолг период се зборува за тоа како Фејсбук влијае врз здравјето на популацијата која прилично време поминува пред мониторите на социјалните мрежи, особено на Фејсбук. Направени се бројни студии на тема – Лошото влијание на Фејсбук врз вашето ментално здравје.

Последните истражување се вчудоневидувачки – Фејсбук може да предизвика депресија, односно, после одредено време од користењето корисниците можат да почувствуваат симптоми на клиничка депресија.

Важно е и колку време корисниците поминуваат споредувајќи се себеси со другите корисници на оваа мрежа.

Најголем проблем претставува споредбата во кој одреден корисник е помалку успешен или помалку задоволен од својот живот во однос на другите корисници.

На тој начин после одредено време корисниците почнуваат да чувствуваат симптоми на клиничка депресија, а да не се ни свесни дека причина за тоа е токму споменатата социјална мрежа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.