Како дома да го чистите забниот камен брзо и без болка?

Непријатните жолти па дури и кафеави наслаги на забите може да се отстранат и дома!

Денес се’ поретко се јаде цврста, сирова храна која бара добро соџвакување за да се формира залакот, а почесто се јаде мека, кашеста храна која не бара голема механичка обработка.

Затоа доаѓа до често формирање на забни наслаги. Но, постои метод кој е многу едноставен, а кој може да ви заштеди пари.

Оралната хигиена е многу важна: Ако редовно и правилно ги четкате забите, поспоро ќе се создаваат ваквите наслаги. Во спротивно може да се развие воспалителна болест – периодонтитис. Ако инфекцијата продре низ каналот на коренот, може да дојде до воспаление на целото ткиво.

-Неколку лушпи од орев варете ги во вода околу 20 минути.

-Откако ќе излади, процедете ја течноста.

-Потоа со оваа течност добро исчеткајте ги забите.

Оваа постапка може да се повтори трипати во денот – се’ додека наслагите целосно да исчезнат!

За две седмици редовно четкање со оваа течност, ќе го забележите резултатот – ќе биде отстранет забниот камен. Оваа течност има антибактериски својства и затоа е корисна за сите кои страдаат од крвавење на непцата: воспалението исчезнува за кратко време.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.