Како до посилен имунитет овој период?

Калинка

Во комбинација слатко-кисело, калинката е посебно овошје кое содржи многу витамин Це. Нејзините семки може да се додадат и во југурт, салата или да се јадат така. Содржи и витамин Б и фолна киселина. Антиоксидансите кои ги содржи помагаат во спречување на настинката и грипот и развој на кардиоваскуларните болести.

Киви

Киви овошјето често го нарекуваат суперовошје затоа што содржи малку калории, а има многу лековити својства. Киви е одличен извор на витамините А, Це, Бе и Ка и минерали како калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк и бакар. Киви е одличен за зајакнување на имунитетот, а исто така е добар и за срцето и варењето на храната. Може да го додадете во овошна салата, јогурт или смути и да уживате.

Прокељ

Прокељ или маите зелчиња, се богати со витамини и минерали. Некои од нив се витаминот Це, Бе, а и магнезиум и калциум. Имаат противвоспалително дејство и може да ја зголемат енергијата на телото.

Одлични се за зајакнување на имунитетот и спречување настинки и грип. Важно е да се знае дека не смеат многу долго да се варат инаку ги губат својствата.

Агруми

 

Зимата без агруми не е вистинска зима. Портокали, лимон, мандарини и цитрон се одлични извори на хранливи материи, особено витамин Це. Неговите антиоксидативни својства дополнително го зајакнуваат имунитетот, го скратуваат времето на боледување и ги ублажуваат симптомите.

Јапонско јаболко

Капонско јаболко е егзотично овошје полно со витамини и минерали. Докажано е дека каки содржи пет пати повеќе витамин Це од јаболкото и третина помалку од лимонот и портокалот. Освен тоа содржи и витамин А, витамини од Бе групата, железо фосфор, калциум и многу други минерали. Најголема предност во зимските месеци ми е јакнењето на имунитетот.

Кисела зелка

Киселата зелка обилува со витамин Це кој е одличен за имунитетот и спречува развој н болести. Помага пати настинки, грип, кашлица и делува антисептички на дишните органи. Во текот на зимските месеци треба два-три пати неделно да консумирате кисела зелка, како главно јадење или прилог.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.