Како да знаете дека сте купиле добар и квалитетен мед
Овие трикови ќе ви помогнат да одредите дали медот кој го имате моментално дома е природен и квалитетен.
1.Во супена лажица ставете малку мед. Држете ја лажицата над пламен од свеќа постепено загревајќи додека медот да проврие. Ако медот врие и не ја менува бојата и мирисот, тогаш е вистински. Ако потемни или мириса на шербет, тогаш е фалсификат.
2.Во сад ставете две супени лажици мед. Додадете шест супени лажици алкохол и постепено загревајте го садот на електричен шпорет, десет минути. Не смее да се загрева на отворен пламен поради можноста алкохолот да се запали. Ако на дното се појави бел талог, медот е фалсификуван.
3.Во чаша ставете една супена лажица мед и исто толку дестилирана вода. Добро измешајте и додадете неколку капки јод. Ако посини, тогаш не се работи за мед, туку за фалсификат во којшто е додаден скроб или желатин.