Како да знаете дека имате алергија а не настинка?

227

Доколку не можете да направите разлика и да препознаете кога се работи за алергија, прочитајте ги овие знаци за да може да реагирате навреме:

1. Симптоми слични на настинка

Ако забележите дека постојано кашлате, тоа може да биде знак за алергија. Во случај на настинка, со кашлањето доаѓа и болно грло и воспаление. Ако овој симптом не е присутен и немате проблем со грлото, тогаш кашлањето може да биде предизвикано од алергенска супстанца.

2. Црвенило на кожата

Во период на летните денови, нормално е да помислите дека црвенило на кожата не е ништо друго освен убод од комарец што предизвикува чешање и црвенило. Но, важно е да запомните дека дури и комарецот може да предизвика алергиска реакција.

Исто така, треба да внимавате на деловите од телото кои облеката ги допира – ако имате црвенила во тој предел, тогаш можеби вашата кожа реагира на некој материјал или средство за перење кое го користите.

3.Чешање на очите, отечени очни капаци

Една од најчестите алергиски реакции е чешањето и солзењето на очите. Ова најчесто се појавува како резултат на контакт со полен или од првутот на миленичињата.

Обрнете внимание на отекувањето на деловите од лицето и телото. Ова може да значи дека сте алергични на некоја храна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.