Како да знаете дека бебето ви е здраво и добро напредува?

Дневно менувате и по 10 пелени, а бебето добива на тежина

Тоа докажува дека бебето доволно се храни, иако количината на испиеното млеко од ден во ден може да варира. Многу мајки кои дојат се прашуваат дали е тоа доволно за бебето. Доказ за тоа се мокрите пелени.

По раѓањето на бебето важни се и редовните посети на педијатар, а во меѓувреме следете го празнењето во пелените. Не бидете опседнати со количината на оброкот бидејќи бебињата не јадат еднакво секој ден па ни при секој оброк. Клучен е целокупниот резултат, напредувањето во тежината.

Бебето е тивко неколку пати на ден

Првите недели од животот на бебето се карактеризира со ранење на секои два часа и многу спиење и до 16 часа дневно, но ретко неколку часа постојано. Меѓу тие активности тоа плаче и тоа е се. Како што расте бебето почнува да учи како да ги контролира своите мускули и да се фокусира на нешто, најчесто тоа се родителите, а со време и вие сфаќате какво „мало сунѓерче” кое впива се што гледа, имате во своите раце. Кога бебето е тивко или „крева узбуна” тоа е знак дека следи се околу себе и процесира нови информации. По првиот месец ќе забележите дека почнуваат повеќе да го набљудуваат светот и почнуваат да учат и поради тоа повремено стануваат се потивки и слушаат.

Бебето се врти кон нови звуци и се стишува за да слушне

Тоа докажува дека го развива својот слух и дека го користи мозокот за да ги распознае звуците. На бебињата им требаат неколку недели да научат да ја филтрираат галамата од секојдневието каква што слушале во стомакот. Факт е дека некои звуци се поинтересни од другите, но и интересот за тоа со време се развива. Вниманието на бебето прво ќе биде привлечено од музиката, било таа да доаѓа од играчка или од радио. Кога ќе видите бебето да реагира на звук и со поглед го бара неговиот извор, ќе знаете дека ушите и слухот здраво му се развиваат.

Гледа во предмети, бои и движења

Бебето со време го изострува видот, а иако ви се чини дека за тоа придонесува гледањето во вентилаторот на плафонот, сепак е така. Кога ќе се родат бебињата гледаат од прилика 20 отсто и тоа на далечина од 20 до 30 сантиметри. Кога ќе наполнат еден месец гледаат уште подалеку, а до вториот месец многу од нив ги следат светлите бои, интересни предмети и објекти кои се вртат. Со оглед дека немаат совршена визија ниту подлабока перцепција, ги воодушевува контрастот на боите.

Контакти со очите, насмевки и интеракции

Бебињата со време се социјализираат и стануваат посреќни. Првите воспоставувања на контакти со очите стигнуваат за месец дена, првата насмевка на два месеца, гугањето на три, а првото смеење на четири месеци. Оваа интеракција покажува дека бебето станува се посвесно за својата околина и дека на некој начин разбира како треба да се однесува во друштво. До петиот месец уредно на насмевнување ќе реагира со смеење како да е тоа рефлекс. Овие се важни знаци за ран развој на јазикот.

Се помалку плачење, се повеќе регуларности и спиење

Со развојот на нервниот систем кај бебето, неговите навики на спиење ќе бидат се по уредни, било да станува збор за дневно или ноќно спиење. Ова навикнување на одредена рутина ќе ги израдува родителите, а ќе почне по завршениот четврти месец, иако е факт дека некои бебиња побрзо се навикнуваат на системот.

Бебето станува посилно

Многу бебиња главата можат самостојно да ја држат веќе по првиот месец, но тоа трае многу кратко. До третиот месец тоа оди по успешно и тогаш знаете дека е во состојба да ги напрегне своите мали мускули. За да му помогнете во тоа, погрижете се надвор од седалката да поминува квалитетно време и повремено држете го на под на стомачето бидејќи тоа може да му помогне да го забрза развојот на различни групи на мускули, вклучувајќи ги тие кои подоцна овозможуваат вртење и седење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.