Како да станете расположени по утринското будење?
Како наутро да се разбудите расположени:
Средете ги Вашите работи пред спиењето
Едноставните чекори кои можете да ги направите пред спиењето можат да Ви го олеснат утринското расположение. Ставете чаша вода покрај креветот (доколку се будите жедни) и спремете ја Вашата облека за утредента.
Истражувањата откриваат дека луѓето кои го опишуваат својот дом како неуреден, се склони кон депресија, замор и нервоза.
Поголемиот дел од луѓето стануваат премногу брзо, со што не му даваат доволно време на телото да се разбуди. Наутро, пробајте да лежите во креветот некое време и протегнете ги Вашите мускули, а потоа полека станете и направете уште неколку едноставни вежби за истегнување.
Наместо веднаш да скокнете под туш и да се истуширате набрзина, одвојте малку повеќе време за оваа утринска рутина. Пуштете си некоја добра музика за будење и уживајте во почетокот на денот.
Појадувајте, дури и кога не сте гладни
Направете си вкусен појадок кој ќе Ви ја подигне енергијата. Доколку немате навика да појадувате толку рано, направете си смути или цеден сок со состојки кои ќе Ви го подобрат расположението.
Испланирајте нешто забавно за подоцна
Доколку сите овие горенаведени совети не Ви помогнат, тогаш испланирајте си го остатокот од денот на забавен начин. Направете го омиленото јадење за вечера, организирајте кафе со пријателите или романтичен состанок со партнерката итн.